Вечно богатство

Сиропиталиштето за него беше местото кадешто помина дванаесет години од неговиот живот. Тоа беше место на безброј радости, но и горки солзи и неискажливи соништа за подобар живот. Неговото име беше Кристијан. Се верува дека уште додека бил мало и беспомошно новороденче, мајчината прегратка ја заменил со онаа на негувателките од сиропиталиштето познато под името “Мајско цвеќе.” Препознатлив по својот динамичен темперамент и палаво однесување, но и по својата длабока ранливост – Кристијан беше миленик во очите на негувателките и воспитувачите во оваа установа. Но, ваквото мислење не го делеше и управникот по име Светозар, човек кој беше познат по неговата строгост. Беше 5-ти јануари. Во сиропиталиштето беа во тек подготовките за претстојната Бадникова вечер, која традиционално се одбележуваше со скромна приредба и заедничка вечера на децата и дежурните вработени. После неколку безуспешни обиди правилно да го каже драмскиот текст на редовната проба, Кристијан се налути и ја напушти сце...