Тешкото оро на Македонците

Наближувам на крајот од селото. Во градиве чувствувам како да застанала некаква грутка и не ми дава да се издишам и да го вдишам пролетниот воздух кој со благоста на миризлив багрем допира до сетилата. Веќе е пролет. Радоста на песнопојните птици тоа утро беше помешана со невообичаена и мачна тишина којашто се чувствуваше над покривите од селските куќи. И видов насобран народ-старци, повозрасни мажи, мајки, синови, деца...И се слушна гласен удар на тапан и зурлите писнаа диво. Започна силно бунтовно оро предводено од старците. До нив се наредија стројни момчиња и бавните чекори на старците се испомешаа со силните отскоци на момчињата од чијашто енергија се чинеше како целата земја да се тресе. Звуците на тапаните го исполнија секој сокак и друм и речиси секоја куќа во нашето село во тие моменти остана празна. Жените со солзи на лицата ги испраќаа своите синови и мажи препуштајќи ги на далечната туѓина полна со неизвесност. Орото стана бавно, но в час се исполни со сила и ...