Григор Прличев-поет на храброто срце

Григор Прличев бил роден некаде во периодот околу 1830-та година. (време во коешто бил роден и помалиот од браќата Миладиновци-Константин) Нивната судбина во извесна мера е слична. Уште од најмали нозе останале без татко. И двајцата за свој учител го имале Димитар Миладинов. Грижата за Прличев ја презел неговиот дедо. Тој бил негов родител, негова утеха, учител и водич. Детските години на Прличев минувале во време кога македонскиот народ се наоѓал во духовно ропство, или подобро речено во време кога силно се негирало постоењето на македонскиот јазик, култура и целокупното постоење на македонското население. Основното образование го поминал учејќи во едно од т.н. келијни училишта во коешто тогашниот грчки учител многу повеќе ги измачувал учениците, отколку што им ја давал потребната наобразба. Семејството на Прличев минувало низ тешки моменти. Највеќе поради сиромаштијата. Мајката била столб на семејството, и преку тешка физичка работа со крајни напори се обидувала да си го прехрани ...