Григор Прличев-поет на храброто срце
Григор Прличев бил роден некаде во периодот околу 1830-та година. (време во коешто бил роден и помалиот од браќата Миладиновци-Константин) Нивната судбина во извесна мера е слична. Уште од најмали нозе останале без татко. И двајцата за свој учител го имале Димитар Миладинов. Грижата за Прличев ја презел неговиот дедо. Тој бил негов родител, негова утеха, учител и водич. Детските години на Прличев минувале во време кога македонскиот народ се наоѓал во духовно ропство, или подобро речено во време кога силно се негирало постоењето на македонскиот јазик, култура и целокупното постоење на македонското население.

Семејството на Прличев минувало низ тешки моменти. Највеќе поради сиромаштијата. Мајката била столб на семејството, и преку тешка физичка работа со крајни напори се обидувала да си го прехрани семејството. Во последните моменти од животот, дедото и оставил завет, таа да се грижи за школувањето на Григор за тој да стане учен човек. Со ова сакајќи да ги покаже неговите огромни надежи и љубовта кон најмалиот внук.
За да помогне во преживувањето на семејството, Григор често преведувал од грчки на тогашен сеуште нецелосно формиран македонски јазик. Работел во служба на богатите семејства и нивните деца кои биле ученици или студенти, и имале потреба од неговата помош. Грчкиот јазик добро го изучил. Грчката азбука била негова прва азбука.

за којашто ја освоил првата награда! Поемата ја обработува тажната приказна за загинувањето на славниот јунак Кузман Капидан. Наградата и почестите не ги добил, токму поради фактот што немал грчко потекло. Разочаран од неправдата, се вратил во Македонија кадешто продолжил со работа како учител во неговиот роден град Охрид, но и во други места. Имал повеќе идеи со коишто сакал да влијае врз просветување на народот. Сакал да создаде и т.н. словенски есперанто-јазик којшто би го користеле повеќето словенски народи како заеднички. Но во таа идеја не му помогнал никој. Се залагал и да го продолжи делото на Миладиновци, а нивната прерана смрт тешко го погодила. Разочаран, во подлабоки години, го завршил неговиот живот во родниот град. Додека бил жив ја напишал и сопствената автобиографија.
Денес се смета за еден од најголемите поети на своето време.
Comments
Post a Comment