Денес е Св.Климент Охридски

Македонската православна црква го прославува овој ден, 8-ми декември како ден на Св.Климент Охридски кој е назчанен за патрон на оваа наша црква.
Свети Климент Охридски
Не постојат точни биографски податоци околу св.Климент. Се претпоставува дека бил верен ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Методиј се грижел за него уште додека св.Климент бил малечко момче. Се верува дека името Климент е негово свештеничко име коешто го добил откако бил благословен од страна на неговите учители. Се верува дека учествувал во многу мисии на светите браќа, коишто имале за цел да ги описменат словенските народи и да ги воведат во Христовата вера. По смртта на св.Кирил и Методј, нивните ученици-меѓу кои и самиот св.Климент, биле изложени на прогон и измачувања од страна на неистомислениците.
За среќа, тие наишле на разбирање од страна на царот Борис којшто сакал христијанството да се рашири на словенски јазик.
Св.Климент веројатно присуствувал кога св.Кирил вдахновен од Светиот Дух, ја создал старословенската азбука-глаголица. Кога ја создавал, св.Кирил ги користел трите христијански симболи: крстот, триаголникот и кругот.
Светите учители Кирил и Методиј
По многу патувања, св.Климент дошол во Охрид, кадешто веднаш се зафатил со служба и продолжување на делото на св.Кирил и Методиј. Тука подигнал многу цркви и манастири и ја основал познатата Охридска школа. Неговата дејност се основала на просветлување на народот и негово припојување кон Христа. Така, градот Охрид станал црковно и книжевно жариште на македонската, но и на сесловенската писменост. Од голема помош на св.Климент бил и св.Наум Охридски. Со нивната заедничка работа, сведочеле за делото на нивните учители-св.Кирил и Методиј и на населението им го покажувале патот кон Бога, спасението и вистината. Народот и учениците ги хранел со поуки и им станал татко на сиромасите и заштитник на вдовиците.
Свети Климент постојано работел. Во едно од житијата за него ќе прочитате:
"Никогаш не го видовме да бездејствува. Или се оддаваше на молитва, или се занимаваше со читање или пак пишуваше книги."
Кратко по неговата смрт бил прогласен за светец. Денеска го молиме за да ни даде мир и да не упати на патот кон просветлувањето и вербата во Бога. Ти благодариме.

Comments

Popular posts from this blog

Доцна есен е

Григор Прличев-поет на храброто срце