Доцна есен е

Ноемвриско утро. Есен е. Надвор врне дожд. Последните лисја од дрвата се струполија на земјата. Студено е. Но во срцево чувствувам топлина предизвикана од прекрасната атмосфера наоколу, исполнета со десетици бои од кои најзастапени се: жолтата, портокаловата, црвената во многу видови и други. 

Ветрот дува и ги крева паднатите лисја високо во воздухот. Се разиграа како да се некакви балерини со крилја. Додека чекорам по старата калдрма, на лицето ги чувствувам ситните капки дожд како се лизгаат како по некаква падина. 
Одам накај куќата од баба и дедо. Внатре е топло и мириса на свежо приготвена пита со праз. Се слуша крцкање на дрва што согоруваат во огнот. А над него стои старо тенџере во коешто врие вода. Ќе се прави и бакрданик. Многу се зарадував. Бакрданикот е еден од моите омилени оброци. 
Дождот го снема. Се претворил во ситен снег. Почна да се стемнува, а уличните светилки се запалија како и секоја вечер...


(Текстот е воглавно составен од безлични глаголи кои не препознаваат конкретен вршител на дејството. Или во најдобар случај вршителот на дејството е сокриен за читателот. Овие реченици во нашиот јазик се познати како безлични реченици. Со овие реченици се искажуваат емоционални состојби кај луѓето или се зборува за природни и атмосферски појави.)

Comments

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои се мачат во нивните односи бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите 2 деца за друга жена на 3 години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па направив истражување на интернет и наидов на веб-локација каде видов дека д-р Елен, која работи на магија, може да ти помогне да ги вратиш љубовниците. Ја контактирав и таа ми кажа посебна молитва и магии. На мое изненадување, по 2 дена мојот сопруг се врати дома. Така се собравме и имаше толку многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да стапите во контакт со д-р Елен, моќен асистент за решенија
    1) придобијте го вашето поранешно момче
    2) Соберете ги мажот и жената
    3) престанете да ги повторувате кошмарите
    4) Хербален лек за ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) среќен шарм
    7) Кршење на опсесии
    8) Проблеми со породувањето и бременоста Контактирајте го преку EMAIL: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

Денес е Св.Климент Охридски

Григор Прличев-поет на храброто срце