Posts

Стариот учител

Image
Снегот навеваше од сите страни. Шумската корија во малото село сместено во пазувите на зимзелената планина, беше исполнета со звуците на ветрот, а од далечината - прозорците на куќарките личеа на запалени фенерчиња кои трепереа во мракот. Во една куќа што се наоѓаше до некогашната месна заедница на селото, живееше човек на 70 - годишна возраст. Најголемиот дел од неговиот живот го поминал работејќи како учител. Живееше сам. Но, тоа не му претставуваше особена тешкотија. Беше навикнат да живее така. Во сиот свој работен век грчевито се бореше на децата да им ја предаде најубавата од сите науки според него - а тоа беше читањето. Во источниот агол на неговата дневна соба, на дрвена полица стоеја икони посветени на Пресвета Троица, Спасителот и Богомајката, и светите Климент и Наум Охридски. Животот на македонските свети просветители за него претставуваше постојана водилка. Во секојдневната дружба со учениците, ги употребувал Климентовите зборови кои на децата им ја пренесувале порака...

Позајмен текст од страната на Македонската православна црква

На линкот што следува и е обележан со црвени букви се наоѓа многу интересен и поучен текст со верска содржина. Наменет е за млади и возрасни читатели. Топло го препорачувам!                                    Кликнете овде за да го прочитате: Интервју со Бога

Доцна есен е

Image
Ноемвриско утро. Есен е. Надвор врне дожд. Последните лисја од дрвата се струполија на земјата. Студено е. Но во срцево чувствувам топлина предизвикана од прекрасната атмосфера наоколу, исполнета со десетици бои од кои најзастапени се: жолтата, портокаловата, црвената во многу видови и други.  Ветрот дува и ги крева паднатите лисја високо во воздухот. Се разиграа како да се некакви балерини со крилја. Додека чекорам по старата калдрма, на лицето ги чувствувам ситните капки дожд како се лизгаат како по некаква падина.  Одам накај куќата од баба и дедо. Внатре е топло и мириса на свежо приготвена пита со праз. Се слуша крцкање на дрва што согоруваат во огнот. А над него стои старо тенџере во коешто врие вода. Ќе се прави и бакрданик. Многу се зарадував. Бакрданикот е еден од моите омилени оброци.  Дождот го снема. Се претворил во ситен снег. Почна да се стемнува, а уличните светилки се запалија како и секоја вечер... (Текстот е воглавно составен од безлични глаголи...

Тешкото оро на Македонците

Image
Наближувам на крајот од селото. Во градиве чувствувам како да застанала некаква грутка и не ми дава да се издишам и да го вдишам пролетниот воздух кој со благоста на миризлив багрем допира до сетилата. Веќе е пролет. Радоста на песнопојните птици тоа утро беше помешана со невообичаена и мачна тишина којашто се чувствуваше над покривите од селските куќи.  И видов насобран народ-старци, повозрасни мажи, мајки, синови, деца...И се слушна гласен удар на тапан и зурлите писнаа диво. Започна силно бунтовно оро предводено од старците. До нив се наредија стројни момчиња и бавните чекори на старците се испомешаа со силните отскоци на момчињата од чијашто енергија се чинеше како целата земја да се тресе. Звуците на тапаните го исполнија секој сокак и друм и речиси секоја куќа во нашето село во тие моменти остана празна. Жените со солзи на лицата ги испраќаа своите синови и мажи препуштајќи ги на далечната туѓина полна со неизвесност.  Орото стана бавно, но в час се исполни со сила и ...

Македонскиот јазик (песна)

Image
Се роди ти во злодоба, во мрак,  за да те препознаеме ко сјаен божилак на повидок по долги векови глувотија -  Се откорна ти како борбен вик  на востанатиот наш бунтовник што прв ја презре ропската мирнотија! ... Им остана ли недовршен грев на Миладиновци, на Џинот и на Прличев? Разнежнетост? Достоинство? Добрување? За деда Цепенко виделина низ опак век, за Мисирков брег нестигнат, грч горкорек во чинот свет на нашето зачнување! (извадок од песната на Гане Тодоровски)

Мисла за топло срце

Image
ВИСТИНСКАТА РАДОСТ Е СПОКОЈНА. 

Мисла за подобро расположение

Image
И ДА ПАТУВАМЕ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ ЗА ДА ЈА НАЈДЕМЕ УБАВИНАТА, МОРА ДА ЈА НОСИМЕ ВО СЕБЕ ИЛИ НЕМА ДА ЈА НАЈДЕМЕ. (Ралф Валдо Емерсон)