Posts

Showing posts from December, 2016

Охридскиот светилник

Image
Поминаа многу лета откога учителот за последен пат помина низ оваа обител. Мошне добро се сеќавам на последните денови поминати со него. Јас и мојот верен војсководец тргнавме од дворецот во шест часот, како и секое утро. Наша задача беше да го посетиме нашиот добар владика. Стигнавме пред вратата на манастирот после еден час пешачење од тврдината. Тропнавме и набргу вратата се отвори. Позади неа стоеше вцрвенетото лице на Петре. Овој човек цели 16 години работеше во служба на манастирот којшто добриот учител Климент го изгради во чест на светецот Пантелејмон. Петре срдечно не ’ пречека со зборовите : - О, драги мои, добро ни дојдовте! Ве молам, влезете. -Тука ли е учителот? – запрашав. -Тука е, тука е. Ќе биде радосен поради вашата посета. Петре ни го покажа патот до учителската ќелија. Таа беше малечка и во неа имаше еден скромен кревет (којшто учителот веројатно многу ретко го користеше), малечок прозорец низ којшто се гледаше бескрајната езерска површина, неколку поли...