Posts

Showing posts from 2015

Пофалба и молитва кон Св.Климент Охридски

Image
Очистувајќи си ги душата, телото и умот, блажен, имајќи на Земјата ангелски живот, ти, блажен, придоби чест рамна на ангелите. Заедно со нив сега стоиш пред Владетелот.  Помоли се, блажен, за своето стадо.

Денес е Св.Климент Охридски

Image
Македонската православна црква го прославува овој ден, 8-ми декември како ден на Св.Климент Охридски кој е назчанен за патрон на оваа наша црква. Свети Климент Охридски Не постојат точни биографски податоци околу св.Климент. Се претпоставува дека бил верен ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Методиј се грижел за него уште додека св.Климент бил малечко момче. Се верува дека името Климент е негово свештеничко име коешто го добил откако бил благословен од страна на неговите учители. Се верува дека учествувал во многу мисии на светите браќа, коишто имале за цел да ги описменат словенските народи и да ги воведат во Христовата вера. По смртта на св.Кирил и Методј, нивните ученици-меѓу кои и самиот св.Климент, биле изложени на прогон и измачувања од страна на неистомислениците. За среќа, тие наишле на разбирање од страна на царот Борис којшто сакал христијанството да се рашири на словенски јазик. Св.Климент веројатно присуствувал кога св.Кирил вдахновен од Светиот Дух, ја создал с...

Григор Прличев-поет на храброто срце

Image
Григор Прличев бил роден некаде во периодот околу 1830-та година. (време во коешто бил роден и помалиот од браќата Миладиновци-Константин) Нивната судбина во извесна мера е слична. Уште од најмали нозе останале без татко. И двајцата за свој учител го имале Димитар Миладинов. Грижата за Прличев ја презел неговиот дедо. Тој бил негов родител, негова утеха, учител и водич. Детските години на Прличев минувале во време кога македонскиот народ се наоѓал во духовно ропство, или подобро речено во време кога силно се негирало постоењето на македонскиот јазик, култура и целокупното постоење на македонското население. Основното образование го поминал учејќи во едно од т.н. келијни училишта во коешто тогашниот грчки учител многу повеќе ги измачувал учениците, отколку што им ја давал потребната наобразба. Семејството на Прличев минувало низ тешки моменти. Највеќе поради сиромаштијата. Мајката била столб на семејството, и преку тешка физичка работа со крајни напори се обидувала да си го прехрани ...