Posts

Showing posts from 2016

Охридскиот светилник

Image
Поминаа многу лета откога учителот за последен пат помина низ оваа обител. Мошне добро се сеќавам на последните денови поминати со него. Јас и мојот верен војсководец тргнавме од дворецот во шест часот, како и секое утро. Наша задача беше да го посетиме нашиот добар владика. Стигнавме пред вратата на манастирот после еден час пешачење од тврдината. Тропнавме и набргу вратата се отвори. Позади неа стоеше вцрвенетото лице на Петре. Овој човек цели 16 години работеше во служба на манастирот којшто добриот учител Климент го изгради во чест на светецот Пантелејмон. Петре срдечно не ’ пречека со зборовите : - О, драги мои, добро ни дојдовте! Ве молам, влезете. -Тука ли е учителот? – запрашав. -Тука е, тука е. Ќе биде радосен поради вашата посета. Петре ни го покажа патот до учителската ќелија. Таа беше малечка и во неа имаше еден скромен кревет (којшто учителот веројатно многу ретко го користеше), малечок прозорец низ којшто се гледаше бескрајната езерска површина, неколку поли...

Снежна ноќ

Image
Се разбудив од силниот ветер што удираше по прозорците. Невозможно е да спиете мирно од таквото фучење. Тој Северко наликува на еден немирен тинејџер којшто со својата незапирлива енергија, постојано нешто прави и сака постојано да е присутен насекаде. Додека чајот од Мајчина душичка тивко се подготвува, низ просторијата се шири благопријатен мирис што ги опушта сетилата. Надвор низ прозорецот глетката е исполнета со сивите бои на планината којашто е во исчекување на снежната покривка. Оваа зима се чини како планината да е тажна. Недостасува таа белина. Таа беспрекорна убавина. Откако завршив со доручекот, се препуштив на секојдневните задачи. Во вакви ветровити денови помешани со ситен но и помалку силен дожд, се чини како да е потешко да се соочите со вообичаениот градски метеж. А таму?? Вистинска врвулица од народ. Ве пресретнуваат сериозните лица на чичковци чиишто веѓи се свиени надолу и оставаат впечаток како да небаре нешто ви се лути; па тука се и загрижените лица на пово...