Posts

Showing posts from 2017

Позајмен текст од страната на Македонската православна црква

На линкот што следува и е обележан со црвени букви се наоѓа многу интересен и поучен текст со верска содржина. Наменет е за млади и возрасни читатели. Топло го препорачувам!                                    Кликнете овде за да го прочитате: Интервју со Бога

Доцна есен е

Image
Ноемвриско утро. Есен е. Надвор врне дожд. Последните лисја од дрвата се струполија на земјата. Студено е. Но во срцево чувствувам топлина предизвикана од прекрасната атмосфера наоколу, исполнета со десетици бои од кои најзастапени се: жолтата, портокаловата, црвената во многу видови и други.  Ветрот дува и ги крева паднатите лисја високо во воздухот. Се разиграа како да се некакви балерини со крилја. Додека чекорам по старата калдрма, на лицето ги чувствувам ситните капки дожд како се лизгаат како по некаква падина.  Одам накај куќата од баба и дедо. Внатре е топло и мириса на свежо приготвена пита со праз. Се слуша крцкање на дрва што согоруваат во огнот. А над него стои старо тенџере во коешто врие вода. Ќе се прави и бакрданик. Многу се зарадував. Бакрданикот е еден од моите омилени оброци.  Дождот го снема. Се претворил во ситен снег. Почна да се стемнува, а уличните светилки се запалија како и секоја вечер... (Текстот е воглавно составен од безлични глаголи...

Тешкото оро на Македонците

Image
Наближувам на крајот од селото. Во градиве чувствувам како да застанала некаква грутка и не ми дава да се издишам и да го вдишам пролетниот воздух кој со благоста на миризлив багрем допира до сетилата. Веќе е пролет. Радоста на песнопојните птици тоа утро беше помешана со невообичаена и мачна тишина којашто се чувствуваше над покривите од селските куќи.  И видов насобран народ-старци, повозрасни мажи, мајки, синови, деца...И се слушна гласен удар на тапан и зурлите писнаа диво. Започна силно бунтовно оро предводено од старците. До нив се наредија стројни момчиња и бавните чекори на старците се испомешаа со силните отскоци на момчињата од чијашто енергија се чинеше како целата земја да се тресе. Звуците на тапаните го исполнија секој сокак и друм и речиси секоја куќа во нашето село во тие моменти остана празна. Жените со солзи на лицата ги испраќаа своите синови и мажи препуштајќи ги на далечната туѓина полна со неизвесност.  Орото стана бавно, но в час се исполни со сила и ...

Македонскиот јазик (песна)

Image
Се роди ти во злодоба, во мрак,  за да те препознаеме ко сјаен божилак на повидок по долги векови глувотија -  Се откорна ти како борбен вик  на востанатиот наш бунтовник што прв ја презре ропската мирнотија! ... Им остана ли недовршен грев на Миладиновци, на Џинот и на Прличев? Разнежнетост? Достоинство? Добрување? За деда Цепенко виделина низ опак век, за Мисирков брег нестигнат, грч горкорек во чинот свет на нашето зачнување! (извадок од песната на Гане Тодоровски)

Мисла за топло срце

Image
ВИСТИНСКАТА РАДОСТ Е СПОКОЈНА. 

Мисла за подобро расположение

Image
И ДА ПАТУВАМЕ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ ЗА ДА ЈА НАЈДЕМЕ УБАВИНАТА, МОРА ДА ЈА НОСИМЕ ВО СЕБЕ ИЛИ НЕМА ДА ЈА НАЈДЕМЕ. (Ралф Валдо Емерсон)

Мисла за подобар ден

Image
СИРОМАШНИОТ И ЗАДОВОЛНИОТ Е БОГАТ...ДОВОЛНО БОГАТ. (Вилијам Шекспир)

Расказ за Роуз и Лука

Image
Во еден град во близина на Лондон, си живееле две другарчиња. Нивните живеалишта се наоѓале едно до друго и имале споени тераси. Тие се викале Роуз и Лука. Роуз живеела со својата баба и била многу среќна. Едно зимско утро бабата на Роуз и' раскажувала приказна за кралицата Мраз. Таа раскажувала дека кралицата е многу лоша и руши се пред себе, и на сите живи суштества им ги замрзнувала срцата .Тогаш Лука се прогневил и посакал да ја убие. Во тој момент ветрот почнал да дува и носел се' пред себе. Прозорецот се отворил и кралицата Мраз го одвела Лука. Роуз го барала Лука со денови, ги прашувала и небото и земјата. Кога ја прашала реката дали го видела Лука, реката и' одговорила дека ќе и' помогне само доколку Роуз и' ги даде нејзините чевлички. Роуз се согласила и така од водата излегол еден чамец и тој ја одвел кај кралицата Пролет. Таа таму долго спиела. Кога се разбудила веќе било крај на Есента. Роуз избегала, но се движела многу бавно бидејки немала чевли .Таа ...

Најубавата молитва (позајмен текст)

Image
Едно неделно утро некое мало овчарче си го чуваше своето стадо, кога се слушна биење на црковните камбани. Гледајќи ги луѓето како поминуваат покрај пасиштето, каде беше тој со своите овци, момчето си помисли: „Толку би сакал да поразговарам со Бога! Но што би Му кажал, кога не знам ни една молитва?“ Сепак, момчето клекна на колена и почна да си ги кажува по ред сите букви од азбуката! И така си ја повторуваше тој оваа „своја“ молитва додека луѓето непрестајно поминуваа покрај него, гледајќи го зачудено. Најпосле еден од минувачите го прекина момчето:  „Ама што правиш, дете?“, го праша тој.  „Се молам господине!“, одговори момчето. Човекот се запрепасти: „Но зошто, тогаш, ги кажуваш буквите од азбуката?“  Момчето му објасни со насмевка: „Јас, господине, не ви знам ни една молитва, ама сакам Бог да се грижи за мене, да ме чува и да ми помогне да си ги чувам овците! Па си помислив, ќе си кажам сé што знам, а Бог ќе ги спои сите тие букви во з...

Вечно богатство

Image
Сиропиталиштето за него беше местото кадешто помина дванаесет години од неговиот живот. Тоа беше место на безброј радости, но и горки солзи и неискажливи соништа за подобар живот. Неговото име беше Кристијан. Се верува дека уште додека бил мало и беспомошно новороденче, мајчината прегратка ја заменил со онаа на негувателките од сиропиталиштето познато под името “Мајско цвеќе.” Препознатлив по својот динамичен темперамент и палаво однесување, но и по својата длабока ранливост – Кристијан беше миленик во очите на негувателките и воспитувачите во оваа установа. Но, ваквото мислење не го делеше и управникот по име Светозар, човек кој беше познат по неговата строгост. Беше 5-ти јануари. Во сиропиталиштето беа во тек подготовките за претстојната Бадникова вечер, која традиционално се одбележуваше со скромна приредба и заедничка вечера на децата и дежурните вработени. После неколку безуспешни обиди правилно да го каже драмскиот текст на редовната проба, Кристијан се налути и ја напушти сце...