Доцна есен е
Ноемвриско утро. Есен е. Надвор врне дожд. Последните лисја од дрвата се струполија на земјата. Студено е. Но во срцево чувствувам топлина предизвикана од прекрасната атмосфера наоколу, исполнета со десетици бои од кои најзастапени се: жолтата, портокаловата, црвената во многу видови и други. Ветрот дува и ги крева паднатите лисја високо во воздухот. Се разиграа како да се некакви балерини со крилја. Додека чекорам по старата калдрма, на лицето ги чувствувам ситните капки дожд како се лизгаат како по некаква падина. Одам накај куќата од баба и дедо. Внатре е топло и мириса на свежо приготвена пита со праз. Се слуша крцкање на дрва што согоруваат во огнот. А над него стои старо тенџере во коешто врие вода. Ќе се прави и бакрданик. Многу се зарадував. Бакрданикот е еден од моите омилени оброци. Дождот го снема. Се претворил во ситен снег. Почна да се стемнува, а уличните светилки се запалија како и секоја вечер... (Текстот е воглавно составен од безлични глаголи...
Comments
Post a Comment