Расказ за Роуз и Лука

- За мене никој не се погрижил со векови. Ти ме полеа со вода и сега можеш да одиш понатаму. - рекол гравот. Роуз и еленчето продолжиле, а понатаму ги чекала уште една препрека. Тоа бил еден голем воз кој се движел многу брзо,и го обиколувал замокот. Роуз го замолила возот да ги пушти, а тој ги пуштил бидејки никој претходно го немал тоа од него побарано на таков пристоен начин. Роуз и еленчето продолжиле, а понатаму ги чекала уште една препрека. Таа била една огромна маса, на која имало леб. Роуз ја избришала масата и ги собрала трошките, и тогаш масата и' дозволила да помине.
- Никој со векови не се погрижил да ги исчисти трошките од лебот врз мене. Ти тоа го стори без да побараш ништо. Затоа ти солободувам пат да продолжиш. Роуз влегла во замокот и го видела Лука.
- Сруши се замоку врз овие деца така да не можат живи да излезат одовде!
- За мене никој толку добро не се погрижил сите овие години. Нека одат слободни! - рекол замокот.Тогаш Кралицата побарала помош од големата маса, но добила сличен одговор како и претходно. Кралицата побарала помош и од возот велејќи:
- Однеси ги во непознат правец, за да не можат никогаш да се вратат дома!
- Никој не ми се обратил така учтиво како девојчето. Нека одат! - возвратил возот.Тогаш Кралицата пробала преку последен обид заповедувајќи му на гравот да ги исплетка со своите гранки, но гравот ја одбил таквата наредба. Тој се чувствувал бескрајно благодарен кон девојчето за нејзиното добро дело и и' го ослободил патот. Таа и Лука се качиле на еленчето Мајкол и безбедно се вратиле дома.Таму продолжиле да живеат среќно. Што станало со Кралицата, никој не знае...
Автор: Фросина Дукоска
Comments
Post a Comment